Политика за приватност
Ние, КУКОМ AГ ДОО Скопје, како сопственици на брендот „YLLO“ за Република Северна Македонија, заедно со нашиот тим, со објавување на оваа Политика за приватност, Ве уверуваме дека во целост ја почитуваме применливата законска регулатива за заштита на личните податоци и се грижиме за обезбедување на највисок степен на заштита на Вашата приватност и лични податоци.
Оваа Политика за приватност е во целост усогласена со важечките законски решенија од областа на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија, додека нашата доследност и посветеност е одраз на вреднувањето на довербата која ние ја укажувате Вие - нашите клиенти, потрошувачи, деловни партнери и сите други лица кои ги споделувате своите лични податоци со нас и кои ја посетувате нашата веб страна – yllo.mk.
Цели за собирање и обработка на лични податоци
Секогаш кога собираме лични податоци, нивното собирање ни е потребно заради остварување на една или повеќе од следниве цели:
-
побрзо, полесно и поедноставно да ги проследиме сите известувања и информации до Вас;
-
побрзо, полесно и поедноставно да ги пронајдете производите и/или услугите кои Ви ги нудиме;
-
примање на Вашите електронски (онлајн) нарачки од нашиот асортиман на производи;
-
брза и навремена достава на купените производи до Вашата адреса;
-
пружење на услуги на сервис за производите кои сте ги купиле:
-
навремено да бидете известени за сите нови производи или понуди за кои сметаме дека ги задоволуваат Вашите преференци и потреби;
-
да ги користите сите поволности кои ги нудиме како награда за Вашата лојалност;
-
управување со програми за лојалност, управување со враќања и замени, спречување измами;
-
остварување на заедничка комуникација и примање на Ваши забелешки, коментари, пофалби и критики.
Ве уверуваме дека Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради за која се собрани. Собирање и обработка на Вашите лични податоци за друга цел, различна од погоре наведените, може да се врши исклучиво и само врз основа на Ваша претходно дадена согласност или заради извршување на законски обврски.
Правна основа и начин за обработка на лични податоци
Вашите лични податоци ги собираме, обработуваме и чуваме законито, транспарентно и правично. Вашите лични податоци се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети лица само од страна на вработените кои се посебно овластени за тоа. Вашите лични податоци можат да им бидат доставени на надлежни органи само во согласност со постапка уредена со закон.
Обработката на личните податоци може да се врши:
-
врз основа на претходно дадена согласност од Ваша страна за обработка на Вашите лични податоци за една или повеќе цели;
-
обработката е неопходна за исполнување на нашите законски обврски;
-
обработката е неопходна заради реализација на договор склучен со Вас или со цел да се преземат чекори на Ваше барање, пред да се пристапи кон склучување на договор;
-
обработката е неопходна со цел заштита на Вашите или интереси на трети лица во итни случаи;
-
обработката е неопходна за извршување на задача/и извршени во јавен интерес и/или при вршење на службени овластувања;
-
обработката е неопходна за целите на нашите легитимни интереси, трето лице или лице на кое податоците му се откриени, освен во случаи кога Вашите слободи и права како субјекти на лични податоци преовладуваат над таквите интереси.
Обработката на Вашите лични податоци се врши исклучиво во согласност со прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија.
Категории на лични податоци кои ги собираме
Категориите на лични податоци кои ги собираме заради остварување на горенаведените цели се следните:
-
Име и презиме;
-
Адреса (адреса на живеење; град; поштенски код);
-
Е-маил адреса;
-
Контакт телефон;
-
Забелешка/коментар за извршена нарачка на производи и/или услуги
-
податоци за купувања (историја на нарачки), податоци за онлајн однесување (на пр., прегледани производи, листа на желби, напуштени кошнички.
При секоја Ваша посета на нашата веб страна, ние ги обработуваме Вашите лични податоци, само доколку истите доброволно ги дадете преку користење на следните опции:
-
Контакт;
-
Регистрирај се / Најави се;
-
Електронско вршење нарачки преку нашиот електронски систем;
-
Електронско плаќање за извршените нарачки од нашиот асортиман на производи.
Секогаш кога користите некоја од горенаведените опции, ние ги собираме Вашите лични податоци.
Рок на чување на Вашите лични податоци
Вашите лични податоци ќе ги задржиме онолку долго колку што е потребно за остварување на целите согласно оваа Политика за приватност и согласно применливата законска регулатива.Вашите лични податоци ќе бидат задржани само до степенот до кој е потребно заради усогласување со нашите законски обврски, заради остварување на нашиот легитимен интереси спроведување на нашите правила и политики.
Некои од Вашите лични податоци, може да се чуваат и подолго од предвиденото, исклучиво заради цели во врска со постапки кои се водат пред надлежни државни органи и институции.
Категории на корисници на кои може да им бидат доставени Вашите лични податоци
Вашите лични податоци се обработуваат само во рамки на нашата команија. По исклучок, во случаи и под услови предвидени со закон, може да ги доставиме Вашите лични податоци на следните категории на корисници:
-
Адвокати;
-
Нотари;
-
Извршители;
-
Судови;
-
Сметководители;
-
Други правни лица кои податоците ги употребуваат за остварување на Вашите права и интереси (банки, осигурителни компании и слично);
-
Останати правни лица и овластени државни органи, установи и институции.
Обработувачи кои можат да имаат пристап до Ваши лични податоци
Право на пристап до Вашите лични податоци може да имаат и следниве категории на обработувачи:
-
Субјекти кои вршат услуги на достава (карго достава, поштенски, курирски, како и други вид услуги за достава);
-
Надворешни лица кои даваат ИТ услуги, со цел одржување на веб-страната и целокупниот воспоставен електронски систем кој го користиме;
-
Субјекти кои нудат сервисни услуги кои се состојат во поправки на производите и останатка техничка поддршка;
-
Други субјекти – соработници (платежни провајдери, логистички компании, маркетинг и хостинг компании).
Ве уверуваме дека соработуваме само со обработувачи кои обезбедуваат доволна гаранција за примена на соодветни технички и организациски мерки на таков начин на кој обработката ќе се одвива во согласност со законски предвидените услови и барања и ќе обезбедува заштита на правата на субјектот на личните податоци. Обработката на Вашите лични податоци од страна на трети лица – обработувачи ја регулираме со договор или со друг правен акт во согласност со закон. Обработувачот не може да ангажира друг обработувач без наше претходно писмено овластување.
Пренос и откривање на лични податоци
Право на пристап до Вашите лични податоци имаат само нашите вработени лица кои се посебно овластени за нивно собирање и обработка.Особено не дозволуваме неавторизиран и незаконски пристап до Вашите лични податоци, ниту вршиме нивен пренос и/или откривањена трети лица, освен во случаи предвидени со закон.
За обработка на Вашите лични податоци со цел исполнување на нашите обврски кон Вас или нашите законски обврски може да се случи да ангажираме обработувачи на лични податоци кои се наоѓаат надвор од територијата на Република Северна Македонија (на пр. хостирање на нашата веб страна.). Тоа ќе го направиме исклучиво во согласност со одредбите на прописите за заштита на лични податоци, обезбедувајќи тајност и заштита на Вашите лични податоци. Доколку преносот се врши во земји надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор, преносот ќе се изврши само доколку се исполнети законските услови за дозволеност на истиот. Овие трговски друштва можат да ги користат личните податоци само на начин предвиден со оваа Политика за приватности и согласно инструкциите и насоките кои ги дава КУКОМ AГ ДОО Скопје и на кои ги обврзал трговските друштва со меѓусебен договор за обработка на лични податоци.
Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни и квалитетни методи, така што во случај на пренос истите нема да бидат читливи и ќе бидат заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Со цел спречување на неовластен пристап на личните податоци, ќе ги преземеме сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.
Управување со согласности
Во секое време да го промените статусот на Вашата согласност (да дадете или да повлечете согласност), преку следните канали: е-маил порака, писмено барање (преку нашата веб страна) и на адресата на КУКОМ AГ ДОО Скопје. Согласноста за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг што Вие како корисник/купувач сте ја дале или нејзиното повлекување е секогаш валидна за целите за кои што сте се одлучиле дека треба да биде валидна.
Соработка со трети страни
При секоја Ваша посета и/или користење на нашата веб страна, не е исклучена можноста да наидете на веб страни на трети лица со кои соработуваме. Затоа, Ве известуваме дека доколку на нашата веб страна наидете на врски кои Ве упатуваат на други веб страни кои им припаѓаат на трети лица, ние не сме овластени да ја контролираме нивната содржина, ниту можеме да имаме увид во начинот на кој обезбедуваат заштита на личните податоци. Воедно, не сме одговорни за постапките на вработените или други лица кои се овластени да работат на веб страните кои се поврзани „кон“ и „од“ нашата веб страна. Секоја од овие веб страни може да има сопствена Политика за приватност, со која исто така препорачуваме да се запознаете.
Политика за заштита на лични податоци на лица под 18 години
Согласно законските решенија, малолетните лица (деца) не смеат да даваат лични податоци без дадена дозвола од страна на нивните родители/старатели. Затоа, топло им препорачуваме на сите родители/старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со лични податоци. Ние, во ниту еден случај нема намерно да земеме (собираме и обработуваме) лични податоци на лица кои не навршиле 18 години, ниту да ги проследиме нивните лични податоци на трета страна, без претходно добиена дозвола од страна на нивните родители/старатели.
Контакт за заштита на лични податоци
За било какви прашања за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Ивица Никчевски;
Контакт телефон: +389 70 397 729;
Е-пошта: ivica@yllo.mk
Со почит,
КУКОМ АГ ДОО Скопје
Обновено: Мај 2026.

