Колачиња

Нашата веб страна YLLO.MK користи колачиња (“cookies”), кои овозможуваат подобро функционирање на страната, но и подобро искуство за Вас додека ја користите.

Колачиња или “cookies” се мали текстуални датотеки (делови од код), кои можат да се употребуваат со цел да се подобри корисничкото искуство при посета на веб страната. Колачињата функционираат на начин што при посета на веб страната, истата ги поставува колачињата на Вашиот уред заради чување на информации за Вашата посета. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до една година.

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб страната од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата можат да содржат различни видови информации за Вашата посета на одредена веб страна, но најчесто се користат за чување на избраните преференции, како што се јазик, големина на фонт, содржина на кошничката, поставки за приватноста и состојба на најавување. Колачињата не содржат лични или приватни податоци за Вас, но можат да соберат информации за Вашите навики на пребарување.

Колачињата дозволуваат на страната која што ги поставува, да ги препознава корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.). Во најголем дел, колачињата го подобруваат Вашето корисничко искуство со пребарувањето со тоа што спречуваат постојано да ја одбирате истата опција секогаш кога посетувате некоја страница.

Повеќето колачиња може да се избришат или блокираат. Колачињата за време на сесијата автоматски ќе се избришат кога ќе го затворите Вашиот веб-прелистувач. Поставките на прелистувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито “Options” или “Preferences” на Вашиот прелистувач. За повеќе детали можете да ја користите и опцијата “Help” во Вашиот прелистувач. Имајте предвид дека во некои случаи, бришењето на колачиња ќе влијае на Вашето корисничко искуство при повторна посета на некоја страна. На пример, можеби ќе бидете принудени повторно да се најавите, или предметите додадени во вашата кошничка ќе исчезнат.

Кога прв пат ќе ја пристапите на веб страната yllo.mk ќе добиете порака која што Ве известува дека користиме „колачиња”. Со кликнување на полето “Прифати ги сите”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб страната Вие изјавувате дека сте ја разбрале Политиката за користење на колачиња објавена на нашата веб страна.

Воедно, на известувањето дека користиме „колачиња” е содржано и поле „Прилагоди” со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за Вашата посета на yllo.mk ќе бидат зачувани. Не е задолжително да ги прифатите сите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време.

YLLO.MK ги користи следните видови колачиња:

  • Задолжителните колачиња овозможуваат веб страната да биде употреблива, односно ги овозможуваат основните функции, како што се навигација на страницата и пристап до заштитените подрачја. Без овие колачиња веб страната не може да функционира правилно.

  • Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страна да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничката за купување, наплата, електронски пораки и слично. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира правилно и оптимално.

  • Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.

Директен маркетинг

Личните податоци кои се обработуваат преку веб страната yllo.mk може да се користат за директен маркетинг единствено врз основа на дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.

Директен маркетинг претставува секој вид на комуникација остварена на било кој начин со цел испраќање на рекламен, маркетиншки или пропаганден материјал која е насочена директно до идентификуван корисник.

YLLO.MK користи директен маркетинг преку е-пошта. YLLO.MK не спроведува директен маркетинг вербално, преку телефон или по пошта. YLLO.MK спроведува политика на избор за корисниците, според која секој што сака да биде дел од директен маркетинг може да даде согласност преку вебстраната. https://yllo.mk .

YLLO.MK не врши „Профилирање“ при обработката и прибирањето на лични податоци за потребите на директен маркетинг, односно собраните лични податоци не ги користиме за оценување на одредени лични аспекти поврзани со Вас, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на Вашите професионални обврски, економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава при регистрацијата на веб страната со избирање на опцијата: “Се согласувам на мојата e-mail адреса да примам специјални понуди и попусти” или писмено, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг за испраќање на известувања, маркетинг материјали, специјални понуди и попусти на Вашата е-меил адреса, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго Ваше право во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страната.

Доколку Вие ни дадете согласност за директен маркетинг ние ќе ве додадеме во регистарот на YLLO.MK и редовно ќе ви испраќаме вести, промоции и новости кои содржат информации за услугите и случувањата поврзани со YLLO.MK и кои содржат директни понуди за Вас. За електронскиот билтен во нашата база се запишува Вашата е-маил адреса, IP адресата и датумот на регистрација.

Следејќи ги одредбите на Законот за заштита на личните податоци, КУКОМ АГ ДОО може во секое време да демонстрира дека добил валидна согласност и дека води евиденција за тоа кој се согласил за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг, во кој момент и на кој начин.

Секое лице кое дало согласност за користење на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, да ја измени/ограничи или повлече дадената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг преку доставување на соодветно барање до КУКОМ АГ ДОО, со кое корисникот има право да побара увид во обработката на неговите лични податоци, да побара исправка на неговите лични податоци, ограничување на обработката, како и целосно бришење на неговите лични податоци од евиденцијата на КУКОМ АГ ДОО. Доколку сакате да поднесете Барање за пристап/дополнување/измена/бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци, испратете порака на нашата електронска пошта.

Ваквото повлекување на согласноста за обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг не се поврзува со губење на било кое друго право на давателот на согласноста во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страната.

Деталите за Вашиот профил ќе бидат целосно избришани од нашата база на податоци во најбрз можен рок, но не подоцна од 30 работни дена откако ќе го добиеме Вашето барање.

КУКОМ АГ ДОО не продава, разменува или споделува лични податоци и информации за своите клиенти со трети страни за цели на директен маркетинг, освен со обработувачи кога е потребно за да се обезбедат услугите на КУКОМ АГ ДОО за цели на директен маркетинг. КУКОМ АГ ДОО има склучено договори со сите обработувачи во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоции во согласност со оваа политика за директен маркетинг.

Google Аналитика

Заради потребата од анализа и истражување на начинот на користење на нашата веб страна yllo.mk, Ве информираме дека го применуваме најчесто користениот сервис за веб-аналитика, општопознат како алатка Google Analytics.

Користењето и употребата на оваа алатка, се должи на потребата од анализа и евалуација на користењето на нашата веб страна од страна на корисниците. Преку имплементирање на оваа алатка се обезбедуваат статистички податоци, информации и извештаи за фреквенцијата на „сообраќајот“ односно активноста на веб страната. Ова значи дека Google ги следи посетите на една веб страна преку IP адресата на корисниците, со цел да ја одреди приближната локација на корисникот.

Google Analytics користи колачиња (cookies), па така сите информации кои се генерирани од колачињата во врска со Вашето користење на веб страната се проследуваат до Google.

Истовремено, Ве уверуваме дека нема да ја користиме оваа алатка заради следење и/или собирање на лични податоци на посетителите и корисниците на yllo.mk.

Безбедност на податоци при електронско плаќање

Преку користење на опциите за електронско плаќање, со нас секогаш и секаде можете безбедно да купувате!

Податоците поврзани со Вашата платежна картичка или Вашата сметка во банка се испраќаат директно до банката преку шифрирана врска. Ние не ги собираме, ниту имаме право на пристап до информациите поврзани (ин)директно со Вашата картичка или сметка во банка. Право на пристап и право да врши контрола на овие податоци има само банката во чија сопственост е платежната картичка.

Вашите права како субјекти на лични податоци

Согласно законските прописи, Вие, како субјект на лични податоци имате права во однос на заштита на Вашите лични податоци, како што се детално објаснети во Законот за заштита на личните податоци. Во оваа смисла, КУКОМ АГ ДОО како контролор на лични податоци е должно да го олесни остварувањето на правата на субјектите на личните податоци. Од таа причина, Ве информираме дека во секое време имате право да се информирате / побарате / поднесете:

  • дали се врши обработка на лични податоци;

  • за целите и правната основа на обработка на лични податоци;

  • категории на лични податоци кои се обработуваат, корисници и категории на корисници на кои се откриваат;

  • рок во рамки на кој ќе се чуваат Вашите лични податоци и/или критериуми за одредување на тој период;

  • изворот на лични податоци кои не се дадени од Ваша страна;

  • логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која може да има влијание;

  • да побарате дополнување и/или измена доколку Вашите лични податоци се нецелосни, неточни или неажурирани;

  • да побарате да биде ограничена обработката на Вашите лични податоци;

  • да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани;

  • да ја повлечете претходно дадената согласност за целите на обработка на личните податоци;

  • да поднесете приговор за начинот на обработка;

  • да Ви биде обезбедена копија од Вашите лични податоци.

Доколку сакате да поднесете Барање за пристап/дополнување/измена/бришење или ограничување на обработката на Вашите лични податоци, пратете ни порака преку електронска пошта.

Ве потсетуваме дека електронската адреса преку која ќе не контактирате, содржината на Барањето и останатите лични податоци нема да бидат искористени за друга цел, освен за да одговориме на Вашите барања и потреби.

Контакт за заштита на лични податоци

За било какви прашања за заштита на личните податоци:

Име и презиме: Ивица Никчевски;

Контакт телефон: +389 70 397 729;

Е-пошта: ivica@yllo.mk

Со почит,

КУКОМ АГ ДОО Скопје

Обновено: Maj 2026 година.